Почитувани радио-аматери на Република Македонија и членови на РАСМ,
По повод 2 години од постоењето на Радиоаматерската Асоцијација на Северна Македонија, Ве повикуваме на 16.05.2021 година на радиоаматерски собир во Варвара во близина на с.Лешок. Собирот ќе биде организиран на отворен простор со маси за 100 посетители. Ќе биде обезбеден скромен ручек кој традиционално се подготвува во манастирските простории на црковниот комплекс Варвара. Работна фрекфенција за сите гости е 145.525 .
На самиот ден ќе биде организирана и радиоаматерска берза , така да сите радиоаматери кои имаат своја опрема, која е за продавање или поклонување слободно да ја донесат на денот на собирот.
Ве очекуваме
Во прилог е линкот до телевизиското интервју направено од страна на Слободна ТВ, по повод добивањето на првата награда на нашиот член Z35Z Диме Јаковлев, по повод освоеното прво место и награда на CQ WW RTTY 2020 натпреварот, во категоријата “Single Operator – QRP 80m”.
Големи честитки од наша страна за овој огромен успех на Z35Z.
Само напред Диме !
Разбирливоста (модулацијата), силата на сигналот и извештаите за тонот (овие три елементи ја осначуваат кратенката – RST) се важен дел од радиоаматерскатаа комуникација. Овие извештаи кои радио аматерите ги разменуваат при секоја комуникација (QSO) се во форма на двоцифрени или трицифрени броеви/кодови што означуваат колку е силен, јак и чист вашиот комуникациски сигнал. Бројката за извештајот за тонот е потребна само за контакт со CW (Морзев код). Добар извештај како 59 значи дека другите можат совршено да ве слушаат. Лош извештај како 31 може да значи дека е време да се откажеме, да ја провериме својата опрема (посебно антенскиот систем), но можеби и поради лоши РФ пропагации да пробаме друг ден кога условите ќе бидат подобри. Извештаите за RST се запишуваат за секој остварен контакт (QSO) во дневникот на операторот.
Подолу е табела која ќе ви послужи како референца за вашиот RST извештај при остварување на контакт (QSO)
Вредност | Разбирливост (R) | Јачина на сигнал (S) | Тон (T) |
1 | Неразбирливо | Едвај мерлив сигнал | Лош тон со шум |
2 | Едвај разбирливо | Многу слабо | Лош тон со модулација |
3 | Разбирливо со потешкотии | Слабо | Груб тон со шум |
4 | Разбирливо без посебни потешкотии | Просечно | Груб тон со модулација |
5 | Одлично разбирливо | Просечно добро | Колеблив тон, јак брум |
6 | Добро | Колеблив тон, јака модулација | |
7 | Средно јако | Добар тон, мал шум | |
8 | Јако | Добар тон, мала модулација | |
9 | Многу јако | Одличен тон, без шум, без модулација |
Заштитени права РАСМ 2021