Согласно член 29 од Статутот на Радиоаматерската Асоцијација, Претседателот на РАСМ свикува Собрание кое ќе се одржи во сабота 21.05.2022 година. Собранието ќе се одржи во кругот на црквата Св. Еремија во населба Пинтија со почеток во 11:30 часот.
Собранието ќе работи по предложениот дневен ред:
1. Запознавање на делегатите-членовите со досегашните реализирани активности на РАСМ.
2. Извештај за финансиската состојба и завршна сметка за 2021 година.
3. Усвојување на планот за работа на РАСМ за период 2022/23 год.
4. Усвојување на одлуки во надлежност на Собранието согласно член 24 од Статутот на РАСМ.
5. Разно
На Собранието покрај Делегатите, може да присуствуваат и други радиоаматери и подржувачи на радиоаматеризмот, како и претставници од институциите со кои Асоцијацијата има соработка и потпишано Меморандуми.
По завршување на Собранието, од страна на РАСМ е организиран ручек, дружење на радиоаматерите, размена на искуства, како и предавање на членските карти за колегите кои ги немаат подигнато.
Ги молиме заинтересираните своето присуство да го пријават кај Секретарот на Асоцијацијата Z31DA (071261397) најдоцна до 17.05.2022 год.
Напомена: Членовите кои немаат подмирано членарина за 2022 година се добредојдени на собирот, но нема да имаат право на учество на Собранието!!!
Воедно ги известувам членовите на ИО, дека истиот ден со почеток во 10:30 ќе се одржи состанок на членовите на ИО при РАСМ.