Поединци

Доколку одлучите да се зачлените во нашата асоцијација потребно е да ги направите следниве неколку чекори:

  1.  Да ја пополните пристапницата која е наведена подолу, своерачно да ја потпишете и скенираната копија од документот да ја испратите на емаил адресата info@rasm.org.mk.
  2. Да го уплатите износот од 800 денари колку што изнесува годишната членарина во РАСМ за 2020 година. Пример за тоа како треба да се пополни уплатницата можете да најдете подолу во листата на документи
  3. Последен чекор е да го пополните листот за евиденција (од листата на документи прикажана подолу) и да го испратите на емаил адресата info@rasm.org.mk
Листа на документи за поединци
  • Пристапница во асоцијацијата (Превземи)
  • Лист за евиденција на податоци (Превземи)
  • Пример од уплатница ПП30 за уплата на членарина (Превземи)

 

 

Клубови

За зачленување на постоечки клубови во нашата асоцијација потребни се следните чекори:

  1. Клубот да достави  тековна состојба не постара од 6 месеци
  2. Да се пополни листот за Евиденција на клубови од листата на документи подолу, и пополнет да се испрати на емаил адресата: info@rasm.org.mk
  3. Секој член на клубот да го полни Листот за евиденција на членови од листата на документи подолу, и пополнет да се испрати на емаил адресата: info@rasm.org.mk
  4. Клубот да изврши кумулативна уплата од 800 денари по член за годишна членарина за 2020 година според евидентираниот број на членови во клубот. Пример за начинот на уплата може да се превземе долу од листата на документи
Листа на документи за клубови
  • Лист за евиденција на клубови (Превземи)
  • Лист за евиденција на членови на клубот (Превземи)
  • Пример за пополнета уплатница ПП30 (Превземи)