Значење на радиофарот Z3 за 23cm

На ФБ страната на Радиоаматерска асоцијација на Република Северна Македонија пред
неколку минути е објавена вест дека во фаза на монтирање е радиофарот за 23ЦМ, и дека
од радиоаматерите се бара идејното решение за антената која треба да биде издржлива
на сите временски прилики и неприлики и да биде со минимално зајканување на
сигналот од 10 децибели.
Оваа вест стотина радиоаматери ја поздравија во истиот миг. Да, но должни сме на
обичниот граѓанин да му објасниме за значај на овој подфат.

Што значи поставување на овој фар за телекомуникации на радиоаматерите и воопшто за Република Северна Македонија?

Во секој случај ова е од голем јавен интерес, и потврдува дека
радиоаматерите се едни од најдобрите амабасадори на нашата држава во светот.
Радио фарот ке емитува на оваа бранова должина бесконечен сигнал со позивен знак за
Македонија Z3. Тоа ке им овозможи на радиоаматерите од целиот свет при ротација на
антената на својот радио уред, барајки погодна земја-држава со која можат да
воспостават радиоврска со колегите радиоаматерите преку својата радиостаница, да го
откријат фарот со легитимација на позивниот знак за Македнија Z3 и според неговата
чујност да ја детектират пропагацијата на радиобрановите во јоносверата и да успостават
радиоврска со колегата од нашата земја. Практично овој сигнал од фарот ке им овозможи
и на најдалечните земји кога ке го пронајдат (а вообичаено радиоаматерите непрестано
ги ротират антените во потрага по нови радиоврски) да кажат: „аха, Македонија се слуша
и од нашата локација “, да го лоцират и да знаат дека пропагација на бранотивте за
воспоставување на врската е добра.

Овој радио фар овозможува уште една извонредно важна и значајна можност. Во случај на било
какава индивидуална или колективна несреќа, изгубени планинари, разни хавари, во
воздухопловство, поморство, патниот собраќај… доколку се случи цитуација
во која лугегто се дезориентирани, доклку меѓу нив има радиоаматер, или поседуваат
радиостаница, ке можат да го лоцираат радиофарот и според јачина на сигналот која ке ја
одредат со својата антена да добијат сигурен патоказ и орентир во кој правец треба да се
движат за да пронајдат спас.

И уште два збора за да нема дилема, сепак се работи за сигнал кој ке го лоцира целиот
свет, РАСМ за вакви инфраструктурни проекти има одлична соработка со АЕК (Агенција за
електронски комуникацији).

Leave a Reply