Известување во врска со претстојното годишно собрание

Согласно член 29 од Статутот на Радиоаматерската Асоцијација, Претседателот на РАСМ свикува Собрание кое ќе се одржи во сабота 20.05.2023 година. Собранието ќе се одржи во кругот на црквата Св. Еремија во населба Пинтија со почеток во 10:30 часот.
Собранието ќе работи по предложениот дневен ред:
1. Избор на работно Претседателство
2. Избор на верификациона комисија
3. Избор на кандидациона комисија
4. Избор на записничар
5. Усвојување на деловник за работа на Собранието
6. Извештај за работата на РАСМ за период 2019-2023
7. Претставување на програмата на кандидатите за Претседател
    за период 2023-2027
8. Избор на органи на Собранието
– Извршен одбор
– Надзорен одбор
– Дисциплинска комисија
9. Разно
На Собранието покрај Делегатите, може да присуствуваат и други радиоаматери и подржувачи на радиоаматеризмот, како и претставници од институциите со кои Асоцијацијата има соработка и потпишано Меморандуми.
Ги молиме делегатите и заинтересираните своето присуство да го пријават кај Секретарот на Асоцијацијата Z31DA (071261397) најдоцна до 17.05.2023 год.
Напомена: Членовите кои немаат подмирано членарина  се добредојдени на собирот, но нема да имаат право на учество на Собранието!!!
Воедно ги известувам членовите на ИО, дека истиот ден со почеток во 10:00 ќе се одржи состанок на членовите на ИО при РАСМ.
Во прилог на ова известување можете да го видите деловникот за работа.
Претседател на РАСМ
Димитар Попоски