Намалена членарина за 2022 година

Извршниот одбор на РАСМ на состанокот одржан на 13.01.2022 година, донесе Одлука за намалување на членарината за 2022 година.
Поради економската, енегретската и здравствената состојба во државата, ИО на РАСМ донесе одлука за намалување на членарината за 2022 година од 800 денари на 500 денари.
Членовите кои веќе имаат уплатено членарина за 2022 година ќе бидат во претплата за наредната година или пак на нивно барање може да им се изврши поврат на вишок уплатените средства.