СТАНИ РАДИОАМАТЕР

Од каде да почнам ?

Според самата дефиниција, радиоаматер е секој оној кој има положено радиоаматерски испит и поседува лиценца/дозвола за користење на фреквенции во радиоаматерскиот опсег.

Значи потребни  се две работи:

  • Положен радио аматерски испит
  • Дозвола за користење на фреквенции во радиоаматерскио опсег

Како и каде се полага радиоаматерскиот испит ?

Радио аматерскио испит го организира и го закажува Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК). Испитот е бесплатен. Испит за А класа може да полагаат само кандидати со наполнети 16 години веќе имаат положено испит за Р и ја поседуваат повеќе од 2 календарски години, а за  P класа  со наполнети 12 години.

Начин на пријавување и полагање радиоаматерски испит
Кандидатот, кој сака да полага испит за радиоаматерски оператор , треба до Агенцијата да поднесе:

  • пополнето писмено барање – пријава за испит Пријава за полагање на испит за радиоаматерски оператор
  • извод од матична книга на родени (копија)
  • уверение за државјанство (копија),
  • за кандидати помлади од 18 години и согласност од законскиот застапник (заверена на нотар).
 
Го положив испитот, како да добијам Дозвола за користење на фрекфенции во радиоаматерскиот опсег и повикувачки знак ?
 

Барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во аматерска служба се поднесува до Агенцијата во пишана форма согласно Правилник за формата и содржината на барањето за издавање на одобрение за користење на рф.

При поднесување на барањето за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции се поднесува:

  • пополнет образец Барање за издавање на одобрение за користење на радиофреквенции во радиоаматерска служба (линк до документот подолу)
  • доказ за извршена уплата на административна такса во износ од 550 ден (копија од уплатница) согласно Упатство за уплата на административни таксии
  • Диплома за положен радиоаматерски испит.
При поднесувањето на барањето во просториите на АЕК, заедно со службеното лице од АЕК проверувате во базата на повикувачки знаци,  дали саканиот повикувачки знак е слободен за да ви биде доделен на користење)
 

Барање за издавање на одобрение за користење на фреквенции во радио аматерската служба

Информациите се превземени од сајтот на АЕК