РМЗО претставува кратенка од Радиомрежа за опасност.

РМЗО е комуникациски сервис во вондредни околности, кој на доброволна основа го организираат и употребуваат Радиоаматерската Асоцијација на Северна Македонија – РАСМ и радиоаматерите на Република Северна Македонија, а со цел пренесување на информации.   РМЗО и членовите на РМЗО се ставаат на услуга на државните професионални институции и служби како Министерството за Внатрешни Работи, Министерството за Одбрана и Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, службите за итна помош, болниците, противпожарните служби и сите останати официјални служби на територијата на нашата држава или невладини организации како што е Црвениот крст или слични.

РМЗО се употребува односно се активира при пад на јавните комуникациски сервиси, со што секојдневните комуникации се недостапни и со  тоа општеството и граѓаните би се ставиле на ризик. Во јавни комуникациски системи спаѓаат: фиксни телефонски линии, мобилни телефонски линии, интернет конекција… Пад на комуникациски систем може да биде предизвикан од различни причини, како што се:  

  • елементарни непогоди: поплави, земјотреси, пожари од големи размери
  • временски неприлики: снежни навеви, поројни дождови
  • состојби кога е афектирана здравствената состојба на населението – епидемии
  • кризни, вонредни или воени состојби.

Организација на РМЗО

Во рамките на Радиоаматерската Асоцијација на Северна Македонија – РАСМ, РМЗО се регулира преку посебен акт – Правилник за РМЗО. Организацијата во мрежата е хиерархиски поставена, а скелетот го формира членството на РАСМ и волонтерите во РМЗО. Водечката улога при организацијата и координацијата на РМЗО ја имаат Претседателот на Асоцијацијата  и менаџер за РМЗО, кој е член на Извршниот одбор на Асоцијацијата.

Фреквенции за РМЗО

Со оглед на застапеноста на опрема и бројот на радиоаматери кои би можеле да ја користат  мрежата, примарно значење на локално ниво се става на УКБ врските, како репетиторски така и симплексни.

Во услови кога репетиторската мрежа е во функција, РМЗО се воспоставува преку  репетиторите и соодветните фреквенции. 

При недостапност на репетиторска мрежа, врските се остваруваат преку симплексните фреквенции (примарни/резервни) и тоа на 145500/145550 MHz. По предходен договор, доколку диктираат условите, можна е употреба и на 433500/433550 MHz

Покрај УКБ фреквенциите, согласно одредбите на IARU region 1, на територијата на Република Северна Македонија се користат и КБ фреквенции кои во вондредни услови за симплексни врски во мрежата се следните:

  • 3760 MHz / 3632 MHz
  • 7110 MHz / 7132 MHz
  • 14300 MHz
  • 18160 MHz
  • 21360 MHz
За повеќе информации околу РМЗО можете да прочитате во правилникот кој е достапен за превземање на следниот линк
Во рамките на предвидените годишни вежби според правилникот, следуваат записниците од изминатите вежби по години: