Mini TNC – APRS, KISS

Во прилог се фотографии од изработен TNC модем, кој може да се употреби како самостоен APRS нод и дигипитер, но исто така може да се користи и како класичен TNC модем бидејки има целосна поддршка на AX.25 како и KISS протоколот. Исто така може да работи во спрега со GPS уред директно поврзан преку RS-232 портата и да има функција на Тракер.

Брзината помеѓу терминалната опрема (компјутерот или GPS уредот) е 9600 bps, додека модемската аудио/AX25 страна е со брзина од 1200 bps.

Фотографиите кои следуваат се од TNC-то кои го склопија нашите членови: Z32AMD и Z32CPU

За повеќе информации на следниов линк

This Post Has One Comment

  1. Mitko

    Odlicen ured ! Bravo za ekipata ! Z31MA 73

Leave a Reply