Повик за доставување на кандидатури за Претседател на Радиоаматерската Асоцијација за период 2023-2027 година

Соглано член 21 од Статутот на Радиоаматерската Асоцијација, во текот на месец Мај 2023 година, планирано е да се свика изборна седница на Собранието на РАСМ.

Сите заинтересирани активни членови на Асоцијацијата, имаат можност да поднесат кандидатура за Престседател и најдоцна до 05.05.2023 година да ја испратат по е-маил на: info@rasm.org.mk и sekretar@rasm.org.mk

Кандидатурата задолжително треба да содржи:

  • Општа биографија за кандидатот
  • План и програма за работа на Асоцијацијата за период 2023-2027 година
  • Предлог на членови за ИО на РАСМ кои ќе ги предложи доколку биде избран за Претседател.

Кандидатите ќе имаат можност своите кандидатури јавно да ги претстават на изборното Собрание кое ќе се одржи во текот на месец Мај 2023. За точниот датум и место за одржување на Собранието ќе следи дополнителна информација.

Делегати на Собранието согласно член 19 од Статутот на Асоцијацијата се сите членови поединци и радиоаматерски клубови со нивните членови, кои ги имаат исполнето обврските предвидени за зачленување во Асоцијацијата и ја имаат редовно плаќано членарината во последните 4 години или од денот на нивното зачленување заклучно со 2023 година.